Мицкоски: Опозицијата нема единствен став за барањата за Изборниот законик

„Проблемот е што ние немаме единствен став во рамките на опозицијата за да можеме да постигнеме елементарен договор кога станува збор за Изборниот законик бидејќи тој документ е основа за да имаме фер и демократски избори, со вклучени препораки од ОБСЕ/ОДИХР “, рече Мицкоски.

Мицкоски рече дека и предложиле на опозицијата во Парламентот да состави, да договори текст и да им го даде.

„Велеа сакаме една изборна едница ние велиме прифаќаме бланко, договорете се прифаќаме една изборна единица. Тоа е прво, второ им требале повеќе средства за финансирање на кампањата еве и тоа им прифаќаме, нема проблем, ние ќе се откажеме од нашиот дел делумно и тоа ќе го префрлиме кај опозициските партии. Начинот на гласање, како тие ќе одлучат тоа ќе им го прифатиме“, рече премиерот.

Мицкоски кажа дека слуша разни информации и лаги и конструкции во јавноста од опозицијата, претежно од Левица кои, како што вели, како да сакаат да се оправдаат пред оние малкумина кои го давале гласот за нив затоа што учествувале во преговори и се договарале.

„И затоа што сега во суштина не изгледа Робеспијер, како што тие кажуваат, туку парите се проблем. Тоа е суштината“, рече Мицкоски.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content