Стојаноски жестоко до Оливер Спасовски: На непочит се враќа со аргументи

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски преку собраниската говорница го соочи во вистината екс министерот за внатрешни работи, сега пратеник од СДСМ, Оливер Спасовски.

 

Стојаноски му порача на Спасовски дека никој нема да биде избркан од работа и да не манипулира.

 

-Срамота е ти да зборуваш од тука дека некој ќе биде избркан од работа, кога дојдовме на власт, човекој кој чека сега онаму да почне Комисијата за одбрана, 20 милиони евра исплати на луѓе кои ти си ги преместувал, професионалци, специјалци, бранители кои ја бранеле оваа држава. 30 луѓе од „Тигар“ веднаш ги избрка ти, сега тука на нас ќе ни објаснуваш дека некој ќе бил избркан од работа?, истакна Стојаноски.

 

Стојаноски го праша Спасовски до кога ќе го потценуваат народот.

 

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content