Василевска: Дали за СДС патот до ЕУ е преку бегање од работни групи и негласање за реформски закони?

Со месеци наназад од СДСМ постојано бараат испорака на законите од Реформската агенда, зборуваат за европскиот пат и се обдуваат да се претстават како единствен фактор кој се грижи за евроинтеграциите на државата, истакна на прес-конференција пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Иванка Василевска.

 

Таа вели дека кога ќе дојде моментот тие закони да бидат ставени на гласање во Собранието, од СДСМ не гласаат и наместо конструктивност, избираат политички калкулации.

 

-На вчерашната собраниска седница беа разгледувани и усвоени повеќе значајни законски решенија кои се дел од Реформската агенда и кои се важни за исполнување на обврските што државата ги презема во процесот на европската интеграција.

 

Дополнет беше Предлог-законот за судска служба со 61 глас „за“ и 12 „против“.

 

Дополнет беше Предлог-законот за јавнообвинителска служба со 62 гласа „за“ и 13 „против“.

 

Усвоен беше Предлог-законот за високи раководители со 62 гласа „за“, а пратениците од СДСМ не гласаа.

 

Дополнет беше и Предлог-законот за користење на енергија од обновливи извори со 62 гласа „за“, додека СДСМ повторно не даде поддршка.

 

Предлог-законот за оружје беше усвоен со 70 гласа „за“, СДСМ не гласаше.

 

Ова јасно покажува дека кога станува збор за конкретни реформи, СДСМ нема намера да придонесе. Лесно е да се зборува за Европа на прес-конфернеции, но многу поважно е како се постапува кога треба да се гласа во Собранието, истакнува Василевска.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content