Тошковски: Нема да дозволам да се затвори предмет како „Мазут“, со такви страшни докази за дело од кое ќе му се згади на македонскиот народ 

Не смееме да дозволиме и никогаш нема да дозволам, барем додека сум на оваа позиција, предмет со такви страшни докази во насока на докажување на одредeно кривично дело од кое ќе му се згади на македонскиот народ така да се затвори, и нема да дозволам, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, за случајот „Мазут“.

Тошковски, во гостувањето на „Топ тема“, зборувајќи за случајот порача дека „секој треба да си ја сработи работата која му е дадена согласно закон“, и нагласи дека „не мислам дека „Мазут“ е предмет што е затворен и не мислам дека е паднат“.

– ЈО е надлежно и е главен мотор во водењето на овие кривични постапки. МВР работата што требало да ја сработи ја сработило и тоа е видливо, и во рамки на овие предмети и во рамки на сите постапувања што се во надлежност на МВР. Факт е дека ЈО потфрлува, во континуитет. Тоа го говорат сите можни мерења на јавно мислење во изминатите десет, петнаесет, пет години,  небитно. Тоа е факт. ЈО доколку сака да ја заслужи довербата на граѓаните мора да испорача правда – изјави Тошковски.

Според Тошковски, обвинителот може да донесе одлука каква што цени дека треба да донесе, ама, потенцира, „пред фактите и боговите молчат“.

Прашан како ќе се бори протиов обвинителката Коларевиќ, Тошковски рече „јас не планирам да се борам со ниту еден обвинител“.

– Кога јавноста ќе го види тоа што го видов јас, а не може да не го види. Ќе дојде ден. Но, не може да ставате такви работи под тепих. На повраќање ме тераше фактот кој што го видов, а притоа истиот не е ниту од далеку соодветно процесуиран во постапката што е во тек – изјави Тошковски.

Тошковски, нагласи дека „би сакал да верува дека е направен пропуст во текот на редовната работа на обвинителството“.

-Кога имате состанок со истражители кои ви велат „министер ова што се случува во овој предмет е во најмала мера надвор од памет“, во смисла на непостапување согласно очекувањата на истражителите втемелени на докази кои што истите ги испорачале, ги анализирале и им дале основано сомнение дека има незаконско работење за конкретниот предмет, а притоа имаме друга слика, перцепција и постапување – појасни Тошковски.

Тошковски, во гостувањето ги појасни деталите околу текот на истрагата за наводната „шпионска афера“ во претседателскиот кабинет, и притоа ги отфрли обвинувањата за бавност во постапката, нагласувајќи дека форензичката анализа на обемни докази бара време кое често ги надминува очекувањата на јавноста.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content