Филипче е на страната на бугарските барања, ВМРО-ДПМНЕ е на страната на македонските национални интереси

Филипче е на страната на бугарските барања за Уставни измени, а ВМРО-ДПМНЕ е на страната на македонските национални интереси, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Уставните измени не се последната, туку првата отстапка од низата барања кои Бугарија сака да ги наметне на Македонија. Отворањето на Уставот значи отворање на Пандорината кутија за нови условувања, нови притисоци и нови удари врз македонскиот идентитет, додаваат во денешното соопштение од владејачката партија.

Капитулантската политика на СДС и ДУИ ја доведе државата во подредена позиција и создаде простор за постојани уцени кон Македонија. Наместо заштита на националните интереси, СДС прифаќаа договори кои беа во корист на туѓи, а не на македонските позиции.

Имено, Венко Филипче денес е најгласниот промотор на истите политики. Додека ВМРО-ДПМНЕ води принципиелна и достоинствена политика во одбрана на македонските национални интереси, Филипче безусловно ги поддржува барањата кои доаѓаат од Софија.

Над 80% од граѓаните даваат поддршка на меѓународната политика на ВМРО-ДПМНЕ, додека од другата страна специјалниот бугарски пратеник Венко Филипче промовира наредби од Радев кои се косат со македонските интереси. Затоа довербата во СДС секојдневно паѓа, а поддршката за политиките на ВМРО-ДПМНЕ расте, нотираат од партијата.

Македонија нема да прифаќа нови условувања, нема да тргува со својот идентитет и нема да дозволи националните интереси повторно да бидат жртвувани за нечии политички кариери. Времето на капитулации заврши, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content