(ФОТО) ИЈЗ со едукативни предавања: Заедно градиме поздрави и посигурни генерации

Според Националната годишна програма за јавно здравје за 2026 година, Институтот за јавно здравје отпочна кампања со наслов „Пубертетот и менструалниот циклус кај девојчињата“.

На ден 19.05.2026 година, со едукативни предавања беа опфатени ученичките од 5-то одделение во ООУ „Стив Наумов“ – Гази Баба, Скопје. Едукацијата ја спроведоа експерти од Институтот за јавно здравје.

Предавањата беа посветени на темата пубертет и промените што ги опфаќа овој период, со посебен осврт на менструалниот циклус, при што девојчињата имаа можност да се информираат за физичките и емоционалните промени на начин прилагоден на нивната возраст.

Преку отворен разговор, едукативен пристап и интерактивни игри се поттикна развојот на здравствената писменост, самодовербата и грижата за сопственото здравје.

Значаен придонес во унапредувањето на јавното здравје даде и градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски.

Голема благодарност и до училиштето за топлиот прием и соработката – заедно градиме поздрави и посигурни генерации.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content