Двајца возачи без дозвола приведени во Прилеп и Македонски Брод

Полициски службеници од ОВР Прилеп и ОВР Македонски Брод привеле двајца возачи кои управувале возила без возачка дозвола.

Според информациите од СВР Битола, на 19 мај околу 17:20 часот на улицата „Александар Македонски“ во Прилеп бил лишен од слобода С.П.(34) од Скопје. При сообраќајна контрола, полицијата сопрела патничко возило „алфа ромео“ со скопски регистарски ознаки, а по проверките било утврдено дека возачот управувал без возачка дозвола.

Истиот ден околу 13:00 часот на улицата „Димитар Влахов“ во Македонски Брод бил приведен и Б.Р.(34) од Македонски Брод. Тој управувал возило „мазда“ без возачка дозвола, а на возилото му била истечена и сообраќајната дозвола.

По целосното документирање на случаите, против двајцата ќе следуваат соодветни пријави.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content