Сали на билатерални средби со европски и регионални партнери за соработка и европска интеграција

Првиот вицепремиер и министер за европски прашања, Беким Сали информираше дека во рамки на 11. ЕУСАИР форум и министерскиот состанок на Јадранско-јонската иницијатива (AII), остварил серија значајни билатерални средби со европски и регионални партнери, фокусирани на регионалната соработка и процесот на европска интеграција.

-За време на средбата со италијанскиот министер за кохезија и европски политики, Томазо Фоти, разговаравме за континуитетот на приоритетите и заедничките заложби во рамки на претстојното италијанско претседателство, со фокус на зајакнување на регионалната соработка и одржливиот развој во Јадранско-јонскиот регион, напиша Сали на Фејсбук.

На средбата со заменик генералниот директор на DG REGIO, Хуго Собрал, било разговарано за значењето на кохезиските политики и европските програми во поддршка на земјите од Западен Балкан, како и за конкретните начини преку кои овие механизми можат да придонесат за забрзување на процесот на европска интеграција на Македонија.

-Исто така, на средбата со Владимир Дробњак, разменивме мислења за предизвиците и следните чекори во преговарачкиот процес со Европската Унија, при што беше нагласено значењето на неговата експертиза и искуство во поддршка на реформите и унапредувањето на европската интеграција на земјата, истакна Сали.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content