Виноскоп влегува во пролетен ритам со петдневна музичка програма во Градски парк

Фестивалот Виноскоп, кој со години е едно од најпрепознатливите градски места за вино, музика и урбано дружење, следната недела во Градски парк ни носи богата музичка програма. Во текот на пет фестивалски дена, Виноскоп ќе понуди комбинација од вечерни настапи, дневна саботна програма, бранч-концепт, познати музички имиња, домашни вина и гастрономска понуда.

Програмата започнува во среда (13 мај) од 18:00 часот, со настапи на Александар Јорданов, Happy End Band и Либеро Бенд.

Веќе следниот ден, во четврток, 14 мај, исто така од 18:00 часот, публиката ќе има можност да ужива во настапите на DJ Марио, Виа Скопје и Куку Леле.

Петок, 15 мај, носи продолжена фестивалска вечер, со програма од 17:00 до 01:00 часот. На сцената ќе настапат Карлито, Здравев Мјузик, Огнен и Пауза за ракија, во вечер замислена како вистинско загревање за викендот во Градски парк.

Сабота, 16 мај, е резервирана за целодневно фестивалско искуство, со почеток од 12:00 часот. Под концептот „Блуз и вино“ – бранч, Виноскоп ќе понуди поинаков дневен ритам, со настапи на DJ Бела, Мијата, Камерен оркестар и Пасио Бенд.

Фестивалот ќе заврши во недела, 17 мај, со дневна програма од 12:00 до 18:00 часот и настап на DJ Гоце Саф, како опуштена завршница на петдневното јубилејно издание.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content