Еве каде утрово во Македонија била измерена најниската температура!

Утрово е најстудено на Попова Шапка, -2 степена, а максимални 8 степени се измерени во Скопје-Зајчев Рид, Велес, Кавадарци и Гевгелија.

Како што информира УХМР, до 8:30 часот се измерени и 0 степени во Берово, 1 во Kрушево, Mаврови Анови и Лазарополе, 3 во Крива Паланка и Претор, 4 во Охрид и Виница, 5 во Штип, 6 во Скопје-Петровец, Битола, Прилеп и Струмица, како и 7 степени во Тетово, Куманово и Демир Капија.

Најмногу врнежи изминатите 24 часа, до 8 часот утрово, имало во Крива Паланка, 4 литри на метар квадратен, 3 во Пожаране, 2 во Крушево и Маврови Анови, како и 1 литар на единица површина во Охрид, Претор и на Попова Шапка.

Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне во западните делови ќе има повремен локален дожд со слаб интензитет. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец (наместа над 60 km/h). Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21 степен.

Во Скопје променливо облачно, претпладне со услови за слаб локален дожд. Во текот на денот облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 19 степени.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content