ВРЕДИ: Конгресот на обединувањето се приближува, ВЛЕН едно

Иднината им припаѓа на оние што знаат да се обединат околу заедничките вредности. Тоа го докажува ВЛЕН, велат во париското соопштение од Коалицијата ВРЕДИ.

На 9 мај, на Денот на Европа, ВЛЕН го одржува Конгресот на обединувањето како зрел политички процес и од него ќе излезе како единствена сила, со едно име, насока и мисија.
Пет политички субјекти стануваат едно тело, сила која во својата суштина ги има владеењето на правото, нулта толеранција кон корупцијата, независно судство, европскиот пат, партнерството со НАТО и заштитата на семејството, традицијата, културата и идентитетот.

На Конгресот на обединувањето, 850 делегати ќе ја запечатат оваа насока. Од соработка кон обединување, од координација кон заедничка сила, од ветување пред Албанците до политичка реалност.
Оние што се навикнати да опстојуваат од поделби, денес не се мирни. Пет партии стануваат една и тоа им ги расипува сметките на сите што живееле со надеж дека ВЛЕН нема да се обедини. Еве дојде денот кога обединувањето станува факт, а манипулацијата невозможна.
Деветти мај се приближува и со него доаѓа силен, голем ВЛЕН, распространета од Липково до Струга.

ВЛЕН ЕДНО. ВЛЕН доаѓа!, се вели во соопштението на ВРЕДИ

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content