Димитриеска – Кочоска: Зачувувањето на стабилноста и сигурноста на македонскиот денар е врвен приоритет

Зачувувањето на стабилноста и сигурноста на нашиот македонски денар е врвен приоритет, напиша денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска на нејзината Фејсбук – страница.

– Денеска одбележуваме 34 години монетарна самостојност и постоење на македонскиот денар, кој успешно се справуваше со бројни предизвици и се изгради во стабилна и сигурна валута. Зачувувањето на таа стабилност и сигурност на нашиот македонски денар е врвен приоритет и темел на обезбедување економска стабилност – пишува во објавата.

Затоа, додава министерката Димитреска-Кочоска, Министерството за финансии е особено посветено на одржување на макроекономската и фискалната стабилност како основа врз што се гради повисок економски раст, повеќе инвестиции и подобар животен стандард за граѓаните.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content