Демант од МВР

Демант: МВР има залихи од обрасци за возачки дозволи за наредните три години, не е точно дека има недостаток

Министерството за внатрешни работи најостро ги демантира дезинформациите објавени на социјалните мрежи за наводен недостаток на обрасци за возачки дозволи. Ја информираме јавноста дека нема никаков недостаток туку напротив, МВР има обезбедено залихи кои се доволни за наредните три години. Термин за фотографирање на граѓаните се добива за само еден ден, а возачките дозволи се изработуваат и издаваат за неколку дена, многу порано од законски пропишаниот рок. Апелираме да не се шират дезинформации со кои се создава забуна меѓу граѓаните.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content