Мицкоски најави можни истраги против поранешни високи државни функционери

Премиерот Христијан Мицкоски денеска упати порака до опозицијата, во која навести дека во периодот што следува можни се истраги и постапки против поранешни високи државни функционери од редовите на СДСМ, вклучително и поранешни премиери и лица од нивниот најблизок семеен круг.

Тој притоа нагласи дека не располага со конкретни информации или докази, туку дека се работи за негови лични претпоставки дека одредени случаи би можеле да бидат предмет на интерес на надлежните органи.

Во тој контекст, Мицкоски ги повика опозициските партии однапред да не реагираат со обвинувања за политички прогон, туку, како што порача, да покажат исто ниво на критичност, имајќи предвид дека секој повикан ќе има можност пред институциите да ја докаже својата невиност.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content