Николоски за Савески: Професионалец без дамка во кариерата

На Македонија ѝ е итно потребна правда и владеење на правото, истакна вицепремиерот Александар Николоски на собраниската седница за избор на нов државен јавен обвинител. Тој нагласи дека е потребно јасно процесуирање на случаи кои ќе придонесат за подобрување на имиџот на државата и на обвинителско-правосудниот систем.

Во име на Владата е предложен Ненад Савески, за кого Николоски истакна дека е професионалец, докажан во својата работа и без ниту една дамка во својата професионална кариера.

„За жал, обвинителско-правосудниот систем моментално не ужива доверба кај граѓаните. Многумина се сомневаат во правичноста на одлуките, а неправдата се чини почесто се случува отколку правдата. Дури и кога се постигнува правда, граѓаните често се прашуваат дали одлуката е правилна. Не случајно нема сериозни дебати или критики за овој систем, а рејтингот на двете институции е околу 2 %. Тоа ќе биде сериозна задача за новиот Јавен обвинител“, рече Николоски.

Тој додаде дека Савески има долгогодишно искуство во обвинителско-правосудниот систем, бил обвинител, судија и повторно ќе има шанса да биде прв меѓу обвинителите. „Станува збор за еден од светлите примери во македонското судство и обвинителство, човек кој зад себе нема дамки. Имаме мотивиран човек кој треба да ја испорача правдата во Македонија“, заклучи Николоски.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content