Две пријави за функцијата претседател на Регулаторната комисија за енергетика

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска ќе го разгледува натамошниот тек на процедурата за избор на нов претседател на Регулаторната комисија за енергетика, откако пристигнаа две пријави на јавниот оглас.

На конкурсот се пријавија Ацо Ристов, поранешен градоначалник на Радовиш, и Шамил Реџепи, актуелен вработен во самата комисија за енергетика.

Огласот беше распишан откако досегашниот претседател, Марко Бислимоски, поднесе оставка, но тој ќе ја извршува функцијата до изборот на својот наследник.

Според Законот за енергетика, Комисијата по завршување на оценката на пријавите е должна да предложи кандидат пред Собранието на Северна Македонија, кое ќе го донесе конечниот избор.

Очекувањата се дека новиот претседател ќе биде избран на пленарната седница на Собранието, која е закажана за среда, кога ова прашање ќе биде ставено на дневен ред

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content