Андреевски меѓу елитата во Мар-а-Лаго: Македонската дијаспора сè поактивна во американската политика

Американскиот бизнисмен со македонско потекло Никола Андреевски од Чикаго присуствуваше на донаторски настан за кандидатот за Конгрес од Ајова Џо Мичел, кој се одржа во Мар-а-Лаго, резиденцијата на претседателот на САД Доналд Трамп.

На настанот учествуваа повеќе влијателни политички фигури, меѓу кои и Том Емер, како и Џејсон Смит, претседател на Комитетот за буџет и даночна политика во Претставничкиот дом на САД — тело со значајна улога во креирањето на економските политики.

Од лево кон десно: Никола Андреевски, Toм Емер (Majority Whip) и Драгослав Павловиќ, градоначалник на Ниш

Андреевски, заедно со бизнис лидери од Балканот, остварил средби со американски политичари, при што била нагласена растечката улога на македонската бизнис дијаспора како мост меѓу Македонија и клучните економски и политички центри во САД.

Никола Андреевски и Род Благојевич во Мар-а-Лаго

Ова не е прво учество на Андреевски на ваков тип настани. Во мај 2025 година тој присуствуваше на слична донаторска средба во Мар-а-Лаго, заедно со поранешниот гувернер на Илиноис Род Благојевиќ, што дополнително придонесе за зајакнување на врските меѓу балканско-американските претприемачи и политичките кругови во САД.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content