Редок вид на Шар Планина: Две нови единки на балкански рис откриени преку видео надзор

Националниот парк Шар Планина соопшти возбудлива вест за зачувувањето на дивата фауна, нивните трап-камери снимија две нови единки на балканскиот рис, еден од најретките и најзагрозените видови во регионот.

Во последните набљудувања, бројот на идентификувани рисови на територијата на паркот се искачи на пет. Двете новооткриени единки се забележани во делот кој административно спаѓа под Општина Врапчиште и, според надлежните, се во добра здравствена состојба.

„Овие откритија покажуваат позитивен тренд во закрепнувањето на популацијата на балканскиот рис на Шар Планина“, истакнуваат од управата на паркот, додавајќи дека редовниот мониторинг продолжува да ја следи состојбата на овој редок вид.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content