Учениците од основно училиште во Кочани евакуирани поради лажна дојава за бомба

Во основното училиште „Свети Кирил и Методиј“ во Кочани денес беше примена дојава за бомба, по која наставниот процес во предметната настава беше прекинат и учениците безбедно евакуирани од училиштниот објект.

Полицијата реагираше веднаш и изврши темелна проверка на објектот, по што беше утврдено дека дојавата била лажна и не постоела никаква закана за животот и безбедноста на учениците и наставниот кадар.

По завршувањето на службените проверки, наставата беше продолжена согласно утврденото утринско распоредување на часовите, без никакви дополнителни нарушувања.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content