Утре враќање на дел од македонските граѓани од Саудиска Арабија, Кувајт и Бахреин

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија известува дека дел од македонските граѓани од Саудиска Арабија, Кувајт и Бахреин, се очекува утре да се вратат во земјава.

Преку објави на Фејсбук страницата на Министерството, ги известува македонските државјани за времето и локацијата каде треба да пристигнат, по што со специјален лет ќе бидат вратени во земјава.

МНРиНТ ги информира Македонците во Саудиска Арабија утре во попладневните часови да бидат присутни на Аеродромот во Ријад.

-Ве информираме дека сите македонски граѓани кои треба да се вратат во Република Северна Македонија со специјалниот лет организиран од Владата со авиокомпанијата FlyNas, кој ќе полета од Riyadh – King Khaled International Airport, потребно е да бидат присутни на аеродромот на 11 март 2026 година, во 17:00 часот по локално време во КСА, на Терминал 1. Ги замолуваме сите патници да пристигнат навремено на аеродромот, со цел непречено завршување на процедурите пред поаѓањето на летот, стои во објавата на Министерството.

За македонските граѓани во Кувајт, пак, Министерството информира дека ноќва вторник спрема среда со организиран превоз со автобус ќе се поаѓа кон Аеродромот во Ријад.

За македонските граѓани во Кувајт, пак, Министерството информира дека ноќва вторник спрема среда со организиран превоз со автобус ќе се поаѓа кон Аеродромот во Ријад.

Македонските граѓани во Бахреин, пак, се известуваат дека утре наутро ќе има автобус кон Аеродромот во Ријад.

-Информација за македонските граѓани во Бахреин: Информираме дека во среда, на 11 март во 06.00 часот наутро, ќе поаѓа автобус на Flynas од Bahrein (Manama) za Riyadh – King Khaled International Airport од каде со специјален лет организиран од владата на Македонија ќе се вратите во нашата земја.
Локација на поаѓање од Manama/ Bahrein – the gathering point – location for departure of buss: https://maps.app.goo.gl/mvgrL9SoP6LzwD4E6?g_st=awb, се наведува во известувањето на МНРиНТ.

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски вчера на прес-конференција информира дека во тек е координиран процес на евакуација на македонските државјани од повеќе земји на Блискиот Исток, кој, како што рече, се очекува да биде финализиран до крајот на оваа недела.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content