Мицкоски: Нема силна економија без силни универзитети, нема модерна држава без образовани и мотивирани млади луѓе

Нашата визија е јасна – образованието мора да биде темел на развојот на државата. Нема силна економија без силни универзитети, нема модерна држава без образовани и мотивирани млади луѓе, порача премиерот Христијан Мицкоски во обраќањето на поставувањето камен-темелник на нов кампус на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје.

Како што истакна Мицкоски, кампусот ќе се гради на површина од 31 000 метри квадратни и ќе претставува современ академски комплекс со модерни амфитеатри, студентски простор, базен, спортски сали – инфраструктура согласно потребите на современото високо образование. Инвестицијата е вкупно 42 милиона евра, од кои 40 милиони се за изградба, а два милиона за надзор на градбата.

-Оваа инвестицијата е дел од една поширока слика, сликата на образованието што го градиме. Денес поставуваме темел на нешто што е многу повеќе од градежен проект – темел на иднината. Со почнувањето на изградбата на новиот модерен кампус, ја потврдуваме нашата црвста определба да инвестираме во знаење, во младите и во развојот на високото образование. Овој проект е стратешка инвестиција во иднината на државата што ќе создаде современи услови за образование, научна работа и академски развој, подвлече Мицкоски.

Овој проект, според него, претставува стратешка инвестиција во иднината на државата. Инвестиција која ќе создаде современи услови за образование, научна работа и академски развој.

-Нашата цел е јасна – младите луѓе да имаат можност да студираат, да се развиваат и да ја градат својата кариера тука, во својата држава. Универзитетите мора да бидат центри на знаење, истражување и иновации. Места каде што се создаваат идеи, каде што се развиваат нови технологии и каде што се подготвуваат генерации кои ќе ја водат државата напред. Универзитетот „Мајка Тереза“ е важен дел од таа академска мрежа. Со овој нов кампус му даваме можност да се развива уште посилно и да стане современ образовен центар кој ќе им служи на студентите, на академската заедница и на целото општество, рече премиерот.

-Нашата цел е јасна – младите луѓе да имаат можност да студираат, да се развиваат и да ја градат својата кариера тука, во својата држава. Универзитетите мора да бидат центри на знаење, истражување и иновации. Места каде што се создаваат идеи, каде што се развиваат нови технологии и каде што се подготвуваат генерации кои ќе ја водат државата напред. Универзитетот „Мајка Тереза“ е важен дел од таа академска мрежа. Со овој нов кампус му даваме можност да се развива уште посилно и да стане современ образовен центар кој ќе им служи на студентите, на академската заедница и на целото општество, рече премиерот.

– Затоа што вистинската сила на една држава не се мери само со бројки и инфраструктура. Се мери со знаењето, со образованието и со потенцијалот на нејзините млади, вели премиерот.

Според министерката за образование и наука, Весна Јаневска, Владата продолжува да ги подобрува инфраструктурните услови за наставниците и студентите.

-Ова е исклулително важен момент, се поставува камен-темелник на најмладиот Универзитет. Ги подобруваме инфраструктурните услови за наставниците и за студентите – да бидат мотивирани, посебно професорите – да обезбедат одлично образование, да им пренесат на студентите знаење и вештини. Верувам дека изградбата ќе оди според плановите и дека за пет години ќе имаме прекрано здание – храм на науката, образованието, уметноста и на создавање човечки капитал. Очекувам тие што тука ќе работат и ќе учат, да и вратат на државата со стекенување сериозни знаења и вешини, да ја направата земјата поконкурентна, истакна Јаневска.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content