Денес во Скопје ќе се одржи Форумот на добри компании 2025, на кој ќе бидат претставени основните предизвици и одговори поврзани со актуелната работна клима, соопштуваат организаторите.
Тие нагласуваат дека за прв пат во минатото, за вработените е од особена важност како се чувствуваат на нивното работно место и ова искуство го претпочитаат пред износот на примањата.
„Имајќи го предвид ова, како и фактот дека дури 55 проценти од вработените би си заминале од работа доколку не се чувствуваат како дел од тимот, 58 проценти од компаниите сакаат да ја подобрат својата работна култура, но, не знаат како (Randstad Work Monitor)“, велат организаторите на настанот.
Форумот ќе го започне Дејвид Оберхубер, директор на ГИЗ Северна Македонија, а присуство и говор се предвидени и од страна на заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески и од Климентина Илијевски, извршен директор на „Паблик“.