Полицијата уапси маж од прилепско кој пукаше со пиштол и пушка

113

Од споделен видеозапис на социјалната мрежа Facebook, а поради постоење на основи за сомнение за сторено кривично дело, полициски службеници од ОВР Прилеп во содејство со полициски службеници од СВР Битола извршија претрес во село Црнилиште Општина Долнени, во домот на Џ.Ќ.(51).

При претресот пронајдени се три парчиња оружје кои ги поседува со дозвола и тоа, полуавтоматска ловна пушка, репетирачки карабин и полуавтоматски пиштол, како и 395 куршуми различен калибар, 17 парчиња ловен патрон и еден ресивер поврзан на видеонадзор инсталиран во домот.

Пронајдените предмети се одземени поради сомнение за извршено кривично дело. Утврдено е дека лицето оружјето го поседувал со дозвола и истото привремено е одземено по што ќе следи постапка за одземање на дозволата за оружје.

Џ.Ќ. е лишен од слобода, а се преземаат мерки за пронаоѓање на неговиот син А.Ќ. за расчистување на случајот.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј Радио
Skip to content