МОН бара објект за студентите од ФИНКИ

173

Министерката за образование и наука Весна Јаневска вели дека се бараат опции во кои би можеле да се сместат студентите на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ).

Таа вели дека сместувањето на студентите нема да биде во објектот што седум години се руинира.

Секако дека студентите нема да учат во ова што се руинира веќе седум години. Интензивно бараме решение за тоа. Се сретнавме со деканот на ФИНКИ и Министерството веќе бара опции со кои би им помогнале на студентите да имаат нормални услови за настава. Значи во преговори сме“, рече Јаневска одговарајќи на новинарско прашање по настанот „Разговори за еднаквост“ што го организира Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content