Ново правило за користење на плажите во Грција, казни до 60.000 евра

Во Грција од оваа година важи новото правило за регулирање на организираните плажи.

182

Во Грција од оваа година важи новото правило за регулирање на организираните плажи.

Правилото го регулира обезбедувањето јавен пристап до плажите. Според новиот закон, најмалку 50% од површината на плажата мора да остане достапна за јавноста.

Иако туристите сакаат да уживаат на лежалки во баровите на плажа, голем е бројот и на оние кои ја претпочитаат добрата, стара опција – сламена простирка, пешкир и сопствен чадор. Затоа со ентузијазам го дочекаа новото правило.

„Претходно сите лежевме на пешкир… Со години. А потоа почнаа да нè сортираат по куповна моќ. За мене морето не е море ако не сум на песок/ чакал директно со пешкирот. Навиките се чудна работа. За моите деца веројатно подобро е лежалка, но мене ми треба пешкир“, вели една жена која неодамна се вратила од одмор во Грција.

„Нема подобар одмор за мене отколку на сламена простирка, сите така летувавме и уживавме, играјќи карти на плажа“, вели друга.

Во групата Grčka info, еден корисник посочува дека постои и апликација со која можете да пријавите сопственици на барови на плажа во Грција кои зафатиле повеќе од дозволениот и законски предвиден простор на плажа со лежалки и чадори.

Казните за сопствениците се движат од неколку илјади евра до дури 60.000 евра.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content