МВР со демант за случајот со возачот од Министерството за надворешни работи

161

Во врска со наводите изнесени во дел од средствата за јавно информирање околу некаков случај во кој возач вработен во Министерството за надворешни работи со службено возило на тоа министерство бил фатен од страна на полициски службеници при што во возилото била откриена дрога, Министерството за внатрешни работи категорично ги демантира таквите информации како неточни.

– Имено, на 16.04.2024 година од страна на полициски службеници при ОВР Кичево во 22,35 часот во Кичево било сопрено возило сопственост на МНР (марка „рено“) управувано од лицето Ќ.Б., при што била извршена рутинска контрола во која не биле пронајдени никакви предмети во интерес на службата. По службена должност бил доставен допис до МНР околу проверка на сопственоста на возилото и околу евентуалниот патен налог за управување на возилото кој што возачот не го доставил на полициските службеници. Во тој смисол Министерството за внатрешни работи уште еднаш ги отфрла сите шпекулации околу постоењето на некаков случај, и апелира до средствата за јавно информирање – со оглед на целосната транспарентност на министерството – сите прашања од нивен интерес да ги проверат во соодветните служби на МВР, пред тие да попримат шпекулативен и тенденциозен карактер со кој се нанесува штета и на Министерството, но и на кредибилитет на средствата за јавно информирање, се наведува во демантот од МВР.

Радио Холидеј упатува јавно извинување до засегнатите страни наведени во објавата на веста МКД: Возач на МНР фатен со дрога, дали случката се крие? објавена во текот на вчерашниот ден, 6 јуни 2024 година.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content