Катастрофа во одбрана, додека министерката ја брани УЧК се распаѓа системот за безбедност

49

Експертот за дигитална безбедност Горјан Јовановски открива дека добил опасен таканаречен малвер преку електронската пошта на министерството за одбрана.

Опасниот ,,Малвер” според него е доказ дека електронскиот систем на одбраната е под контрола на други лица а не на македонските власти.

,,Министерство за одбрана / Defence MKD ги начекаа за празник, серверите им ги пробија и почнаа фишинг пораки да праќаат од нив. За сега ова е стигнато само до мојот официјален меил како советник, што значи дека таргетираат (иако текстот е катастрофа преведен)”, објави Јовановски кој предупредува граѓаните да внимаваат што да отвараат на своите компјутери и телефони.

,,Дури и да дојде од официјална емаил адреса, зошто очигледно и министерство за одбрана не може да се одбрани од системски напад”, предупредува Јовановски.

Со дигиталната катастрофа во министерството за одбрана Македонија станува ранлива и како дел од системот за безбедност на НАТО каде сме членка веќе 5 години.

Додека министерството за одбрана е предмет на сериозен напад министерката Славјанка Петровска на митинзи на СДСМ зборува сака бранителите кои загинаа кај Вејце не се жртви на УЧК на Али Ахмети туку дека тогаш ВМРО-ДПМНЕ сакала војна.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content