Застрашувачка потрошувачка кошничка за месец март

0

На едно четиричлено семејство, за да преживее во месец март му биле потребни речиси 59 илјади денари, односно, 1500 денари повеќе во спредба со февруари. – Синдикатите во новата пресметка за минималната, синдикална кошничка велат дека овие бројки се без пресметани трошоци за кирија. Ако се додадат и тие, трошоците достигнуваат и до фантастични 74 илјади денари. Најголемо поскапување има кај цените за храната и пијалоците, основните продукти за живот. Од декември 2023та, до март 2024та тие бележат раст од речиси 2000 денари.

  • „Последните податоци кои излегоа денеска за синдикалната потрошувачка кошничка, покажаа дека истата е зголемена за 1500 денари и тоа за овој месец беше токму во делот за храна и пијалоци, што значи дека одмрзнатите цени на проивоздите и нефер маржите кои што ги ставаат во трговијата на мало. Се покажа дека уште привот месец владините мерки не вродија со плод, затоа што не е само овој месец да е нешто покачено, претходни цените беа замрзнати многу високи.“ – Ијави Иван Пешевски од ССМ.

Како за споредба, просечната плата во 2018-та година била скоро 26.000 денари, а минималната синдикална кошничка нешто над 32.000 денари. Тоа значи дека со една плата межело да се наполнат речиси 80% од кошничката.
Во 2024-та просечната плата е безмалку 40.000, но затоа кошничката е речиси илјада евра, па со една плата се полнат едвај 60-тина прооценти.

Овие борјки кажуваат дека просечниот стандрад во Македонија бележи континуиран пад и тоа за цели 10 проценти во изминатите 7 години, односно, откако владеат ДУИ и СДСМ.

Според синдикалните пресметки, на четиричлено семејство со двајца родители и две деца, само за основна храна му требаат речиси 23.000 денари, што се безмалку половина од вкупните месечни трошоци.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content