Посебен режим на сообраќај утре во Скопје

На 06.06.2026 (сабота) поради одржување на ревијална трка со почеток во 17:00 до 18:00 часот од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќај за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

-Имено трката почнува со старт од Порта Македонија, потоа десно долж улицата „Димитрие Чупоски“, десно по улицата „Васил Главинов“, право по булевар „ВМРО“, лево по булевар „Илинден“ до крстосница со улицата „Наум Наумовски Борче“–Градски парк кај споменикот на Гоце Делчев, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници, информира МВР.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ќе ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците опфатени со посебниот режим на сообраќај.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content