Судење за 13 полицајци од трагедијата во ПУЛС: Не знаеме на која околност се изведуваат овие докази, реагираат адвокатите

Со изведување материјални докази, денеска, во Основниот кривичен суд Скопје продолжи судскиот процес против 13-те полициски службеници, кои се товарат за тешки дела против општата сигурност, поврзани со пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој на 16 март 2025 година загинаа 63 лица, а 223 беа повредени.

Пред судот беше изведен писмен извештај од Институтот за судска медицина за извршена обдукција на жртвите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март 2025 година. Ова е истиот извештај што веќе беше презентиран на главниот предмет за пожарот што се води во судницата во „Идризово“.

Според извештајот, смртта на сите 59 жртви е насилна и во најголем дел настапила како резултат од труење со јаглероден моноксид.

Кај некои од жртвите обдукциското мислење исто така констатира насилна смрт, но која настапила од задушување од притисок врз градниот кош или како резултат на недостиг на воздух и кислород во околната средина. Четири лица се починати во болница.

Обвинителството презентира и медицинска документација и податоци за повредените што се јавиле за укажување медицинска помош по пожарот – вештачења за 157 лица со тешки телесни повреди, како и оштетени кои добиле телесни повреди.

Одбраната реагираше дека денеска изведените докази не се соодветно наведени во листата на докази.

Дополнително, според нив, ако се анализираат во конкретната ситуација меѓу повредените има и полициски службеник што на критичниот настан бил на должност.

-Не знаеме на која околност се изведуваат овие докази – реагираше еден од адвокатите.

На почетокот на минатото рочиште сите 13 обвинети се изјаснија дека не се чувствуваат виновни и дека сториле сѐ што можеле.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content