20-годишно момче од Прилеп е повредено во сообраќајната несреќа што синоќа, еден час по полноќ се случила на патот Прилеп-Битола. Несреќата се случила меѓу товарно возило „ман“ со битолски регистарски ознаки кое било управувано од 58-годишниот битолчанец Д.М. и автомобил „ауди“ кое го управувал прилепчанецот.
На жртвата и биле констатирани тешки телесни повреди во прилепската болница.
По несреќата, увид на местото извршила екипа на СВР Битола.
Сообраќајната несреќа е причина за пренасочување на возилата, кои во делот меѓу Прилеп и селото Лагов возат по стариот пат, информираат од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).
Екипи на Јавното претпријатие „Македонија пат“ се на местото на сообраќајката и работат на расчистување на возилата и нормализација на сообраќајот.