„Пари“: 100-те најпрофитни компании во земјава лани оствариле добивка поголема од инфлацијата

75
Во време кога профитите на компаниите сѐ почесто се споменуваат во негативна конотација – дека во време на криза компаниите оствариле поголеми добивки и тоа не само поради зголемениот приход од инфлацијата, порталот „Пари“ во соработка со БизнисМрежа.мк направи анализа на нивните добивки во 2022 година и ги спореди со добивките од 2021 година. Податоците покажуваат дека стоте најголеми компании во државава по добивка во 2022 година направиле вкупен нето-профит од 719,3 милиони евра, а истите тие во 2021 година имале добивка од 615,7 милиони евра. Оттука, минатогодишниот раст на профитот на ланските најпрофитни компании во вкупен износ е дури 16,7 проценти. Индексот на трошоците за живот во 2022 година, во однос на 2021 година, пак, бележи пораст од 14,2 проценти, а индексот на цените на мало е 12,6 проценти, што значи дека профитот на компаниите е поголем од апсолвираната инфлација.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content