Крушево е без вода, детектирани се проблеми со пумпната станица во село Норово

64

Крушево од 9 часот утрово е без вода, детектирани се проблеми со пумпната станица во село Норово, информираа од ЈП „Комуна“ Крушево.

Екипа на ЈП „Комуна“ Крушево е на терен и ги испитува проблемите по што ќе следат детални информации и преземање на чекори за состојбата со пумпната станица.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content