Најтрофејниот македонски клуб Вардар кој во неделата со фудбалер повеќе загуби во Кавадарци кај Тиквеш, оди на мегдан на многу амбициозната Беса, полна со низа преискусни фудбалери и вистински предизвик ќе биде пресметката за црвено-црните за да ја минат оваа пречка, најмногу и поради фактот што 12-кратниот првак од 2007 година не бил ни близу до трофејот во Купот, а сѐ уште е најтрофеен во нашето најмасовно натпреварување.
На Кожув ретко кој му даваше шанса дека ќе се бори за врвот во Втората лига, ама гевгеличани се единствени перфектни, со пет од пет, па струмичка Брера која е во мини-криза со три меча без победа ја чека многу сериозен ривал и ќе треба добро да се испоти за да ја мине оваа прва пречка
Воведното коло во Купот често знаело да донесе изненадувања, иако Шкупи, Работнички, па и Пелистер не би требало да имаат никакви проблеми за втора рунда, додека Брегалница и Тиквеш ги очекуваат гостувања кај нешто понезгодни ривали како новаци односно Арсими, но се големи фаворити за да ги поминат.
Гостивар ѝ гостува на Беласица во Струмица, па ова е шанса за струмичани да го искористат лошиот период на прволигашот за да ги исфрлат од Купот.
Четирите полуфиналисти од минатата сезона, бранителот на пехарот Македонија ЃП, првакот и финалист Струга, како и Шкендија и Силекс се слободни во оваа рунда.
Инаку денеска ако нема победник во 90 минути, веднаш ќе решаваат пеналите.
ПРВО КОЛО, КУП НА МАКЕДОНИЈА
Јанг Тим – Победа
Новаци – Брегланица
Башкими – Скопје
Арсими – Тиквеш
Кожув – Брера
Карбинци – Воска Спорт
Коњаре – Шкупи
Охрид – Детонит Плачковица
Беласица – Гостивар
Беса – Вардар
Тетекс – Работнички
Влазрими – Пелистер.