Пензионерите се организраат да дојдат на 20-ти септември во Скопје и да направат масовен протест доколку не се прифати нивното барање за линеарно зголемување на пензиите по 3.500 денари , место процентуално, согласно Законот за пензиско и инвалидско осигурување.
Вчера, протетираа пензионерите од Штип пред просториите на Здружението на пензионери.
Соња Ристовска од Инцијативниот одбор на пензионерите вели дека покрај барањето за линеарно зголемување на пензиите, едно од барањата е и промена на методологијата за пресметка на пензиите.
-Тука не сме сега дојдени од лудост, туку за гордост, за да го зачуваме достоинството и единството. Силата е во нашето единство- вели Ристовска.
Таа ги повика штипските пензионери кои се заинтересирана да присуствуваат на протестот во Скопје на 20-ти септември да се пријават во Здружението, со цел да се обезбеди превоз.