Намален прометот во трговијата на мало со храна, пијалаци и тутун

25

Во трговијата на мало, во јули годинава, во споредба со јули лани, гледано по групи и класи, зголемување на прометот кај номиналните и реалните стапки е забележано само во групата Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво, и тоа номинално за 7.6 %, а реално за 0.5 %, додека во групите Трговија на мало, освен трговија со горива номинално расте за 1.5 %, а реално опаѓа за 6.5 %, соопшти Државниот завод за статистика.

Во групата Трговија на мало со автомобилски горива номинално опаѓа за 20.6 %, а реално расте за 5.5 %. Пад и кај двете стапки е забележан во групата Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун, и тоа номинално за 4.2 %, а реално за 13.0 %.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content