Во детско одморалиште во Охрид пријавено е труење со храна, информира директорот на Агенција за храна и ветеринарство Николче Бабовски.
Според него, по пријава на сомнеж, прогласено е труење и оди одредена постапка при што Државниот здравствен и санитарен инспекторат и АХВ ги спроведуваат активностите.
Најчесто тука се млечни производи и месни, подготовки и преработки од месо и млеко. Производи кои лесно се купуваат. Мора да се внимава дали амбалажата одговара и при купување. Исто така треба да се внимава на рокот на употреба, додава Бабовски.
Уништена е повеќе од 200 килограми храна која не одговарала на одредбите на Законот за безбедност на храна.
Месото и млечните производи се лесно расипливи, предупредува Бабовски во изјава за МТВ.
Тие мора внимателно да се чуваат и да се приготвуваат.