Почитувани сограѓани,
По повод големиот национален празник, сакам да ви го честитам Денот на Републиката и големиот христијански празник Св. Илија.
Илинден не потсетува на историската борба и вечниот стремеж на македонскиот народ за слобода и самостојна држава, 120 години од Илинденското востание и 79 години од Првото заседание на АСНОМ.
Пожртвуваноста и храброста на илинденците, а подоцна и на борците од НОБ, претставува наша обврска која не задолжува секогаш, а посебно во овие исклучително бурни времина за македонската држава, да стоиме цврсто на браникот на татковината и да ги чуваме илинденските идеали и заложбите на АСНОМ.
Празнувајќи, оддаваме почит на сите херои од нашата богата македонска историја, затоа што тие се оние кои што ги поставиле темелите врз кои што опстојува денешната современа Република Македонија.
Нека ни е честит Илинден!
За многу години Македонци!