„Европската канцеларија за борба против измами ОЛАФ истражува 18 случаи на измама и злоупотреба на европски пари во Македонија, тоа е една половина од сите измами во земјите од Западен Балкан.
Бројката на случаи ја потврди и евроамбасадорот во земјава.
Наместо кај граѓаните и компаниите европските средства очигледно завршувале во нечии џебови, тоа не можело да помине без знаење од власта. Не е возможно да има 18 случаи на злоупотреба на европски пари, а никој од власта да не знае за тоа.
Врв на мизерија се изговорите на власта дека не знаат што се случува, а од Брисел и Вашингтон алудираат на огромни криминали и злоупотреби.
Го повикуваме ЈО да не чека на ЕУ, туку веднаш да отвори истраги, а власта да не ги мачи граѓаните и да распишр избори. Со секој поминат ден на власт на СДС и ДУИ Македонија повеќе тоне“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.