Фатмир Лимани: Извршителот на мафијата е Груби – шоферот на Али Ахмети е милионер, а живееше во куќа со штала
Направив скрининг на богатството што го имаат луѓето во ДУИ, собрав храброст и ги објавив и вилата на Али Ахмети и куќата на неговиот шофер. Сите знаеме во каква куќа живееше порано неговиот шофер. Беше тип на куќа во два спрата, штала ја викавме порано, две соби горе, две долу, а долу стоеја животните.
Сега има вила и огромно дворно место кое го има узурпирано, вели Фатмир Лимани, потпретседател на Движењето Беса во „За или против“ на телевизија Алфа.
Меѓу другото, Лимани истакна дека извршителот на мафијата е министерот за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби.
„Артан Груби имаше многу голема самодовереба и за време на локалните избори, но во Кичево победија со помош на СДСМ, самодовереба дека ќе победат имаа и во Тетово, но изгубија со пет советнички места разлика. Самодовербата ја базираат на злоупотребените средства, мислат дека со тие пари ќе ги купат граѓаните, но не знаат дека граѓаните сега се на на друго повисоко ниво и парите ти ги зема и гласа против“, додаде Лимани.
Не е ДУИ тоа што беше. Денес имаш четири фракции во рамките на ДУИ. Тред две години кога реков дека има две, три фракции, Али излегуваше на телевизија и викаше дека нема фракции, денес излегува дека има четири. Ова е првата причина поради кожја ќе изгубат тие, вели потпретседателот на Движењето Беса во „За или против“ на телевизија Алфа.
„Втората причина е злоупотребата на и високиот криминал кои сега веќе се разоткриени и народот ги знае. Ако до вчера гласаше ајде да гласаме затоа што другите крадат а Али Аххмети не краде , но излезе дека тој краде повеќе од другите“, рече Лимани.
Тој додаде дека има уште една причина, денес сите политички сили опозициски во кои до вчера ДУИ имаше инфилтрирано свои луѓе се откриени и се дистанцирани и со силен опозициски фронт ќе ја победиме оваа криминална власт.