Скопје „гори“ од високи температури

37

Екстремно високите температури речиси ги испразнија улиците на главниот град, дури и скопскиот парк. Малкуте луѓе што ги сретнавме беа со децата и домашните миленичиња на кратка прошетка.

И покрај високите температури, продавачите на кафе и сокови останаа да ги чекаат своите клиенти.

„Жешко е, сепак, почнаа и одморите, половина јули е, до 15 август сигурно ќе биде вака. Тука сме секој ден, преку ден е многу топло и нема работа, но навечер има движење и работа“, вели еден продавач.

Повиците во Ургентниот центар се постојани.

Според метеоролозите, жештините ќе продолжат и следната недела со температури над 40 Целзиусови степени.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content