Во Ханиоти на спиење убиен припадник на македонското подземје

56

Грчките медиуми посочуваат дека се работи за нарачано убиство посочувајќи го убиството од пред неколку месеци во Шиша бар.

Инцидентот се случил во областа Ханиоти на Халкидики во Сани бич. Непознато лице се јавило на 112 и пријавило дека бара интервенција на полицијата . Кога полицијата и патролното возило пристигнал на лице место, виделе дека напаѓачите испукале повеќе од 20 куршуми. Двајцата мажи биле пренесени во Здравствениот дом Касандра Халкидики каде било констатирано дека едно од лицата кое е добро познато за македонската полиција починало на лице место, додека вториот маж е повреден.

Според првичните сознанија од грчките медиуми убиците испукале повеќе од 20 куршуми. Повредениот е згрижен во болница на Халкидики.

Убиството во Шиша Бар се случи на 6 март, а напаѓачите влегле во Шиша бар во Старата скопска чаршија и биле облечени во црна облека налик на униформа по што повикале дека станува збор за полициска рација.

Кога ги нашле „таргетите” почнале да пукаат во нив и избегале. На лице место беа убиени Јетон Кривањева викан Жила и Енес Исени.

По нападот, групата убијци избегала со Ауди А6 кое е најдено запалено во Шуто Оризари. Регистрациите на запалениот автомобил биле украдени од друго возило.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content