Заборавете на шетање по бикини низ чаршија: ЗАБРАНЕТО Е!

63

Граѓаните во иднина нема да може да шетаат по бикини низ централното шеталиште на Струга.

Општина Струга соопшти дека во текот на туристичката сезона мора да се почитува јавниот ред, а според нив тоа значи дека не смее да се шета по бикини низ градот.

– Поради почитување на јавниот ред, особено за време на летната туристичка сезона, низ централното шеталиште (од Чаршискиот мост до Зелениот пазар), се забранува шетање во бикини и гаќички за плажа во текот на целиот ден. Ги замолуваме сите гости и туристи кои се разладуваат на езерото или на Црн Дрим, да ги почитуваат правилата на доброто однесување и на јавниот ред, со непокажување голотија на јавни места и простори, соопшти општина Струга.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content