Скопска пожарна ги мие улиците, Паркови и зеленила собира смет

42

Градоначалниците на скопските општини Аеродром и на Кисела Вода, Тимчо Муцунски и Орце Ѓорѓиевски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, пред депонијата „Дрисла“ интервенираат депонијата да го прими ѓубрето што тие саморганизирано го собираа вечерва низ скопските општини.

Припадници на полицијата вечерва влегоа во Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ Скопје за да овозможат камионите на ова Јавното претпријатие непречено да излезат и да почнат да го собираат ѓубрето низ Скопје. Вработените бараат оставки од раководството на претпријатието.

Иако дел од вработените што протестираат се судрија со полицијата, сепак не дојде до поголем инцидент.

Во меѓувреме на скопските улици беа забележани возила на скопската противпожарна служба во обид да го извршат она што требаше да го стори јавното претпријатие за одржување на хигиената во главниот град. Собираа смет и екипите на Паркови и зеленила.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content