Ќерката на Тоше Зафиров освои медал на натпревар во Словенија: Ангела, ти си моето најголемо богатство и успех
Ќерката на македонските шампиони во бодибилдинг , Тоше и Габриела Зафирови го освои првиот медал во нејзината кариера. Ангела на своето прво фитнес натпреварување освои прво место освои во категоријата Мис Модел Џуниор и трето место Мис Модел Сениор на натпреварот „Врлд атлетик федерејшн“ во Словенија.
„Ангела, ти си моето најголемо богатство и мојот најголем успех. Тоа што го остваруваш денес е само почетокот на многу останати успеси што те чекаат во иднина.Те сакам неизмерно многу и се гордеам што сум твој татко и тренер“, рече Зафиров.
„Моето срце се исполни со љубов и среќа јас сум горд родител. Не можам да опишам колку сум горд и неизмерно среќен сум што можам да бидам дел од нејзиниот успех. Твојата посветеност кон фитнесот и огромната дисциплина се огледало на твојот успех. Ти ја заслужуваш секоја пофалба и секое честитка, бидејќи го покажа твојот талент и напор затоа што ни еднаш не кажа тешко ми е ,напротив уживаше во целиот процес на припреми“, изјави таткото на Ангела, Тоше Зафиров.
Во емотивната објава Тоше вели дека таа на само 16 години се изборила со сите предизвизи и никогаш не се предала, работела напорно за да ги постигне своите цели.
„Имајќи во предвид твојата силна духовна и физичка состојба, не постои сомнеж дека ке продолжиш да ја одиш со уште поголема мотивираност и самодоверба низ твојата фитнес кариера. Твојот прв медал е само почетокот на твојата натпреварувачка приказна која ќе биде наша голема радост да ја следиме.
Понатаму, јас како твој тренер и татко, се обврзувам да те поддржам во секоја фаза од твојата кариера. Тука ќе бидам секогаш за да те насочам и да те водам, ќе ти помогнам да го надминеш секој предизвик и да ги освоиш сите височини што ги посакуваш“, вели Зафиров.