За разлика од Скопје, во Истанбул не се одржа Прајд – ги уапсија активистите на ЛГБТ заедницата

40

Турската полиција уапси демонстранти од ЛГБТ+ заедницата во Истанбул кои денеска се обидоа да одржат Парада на гордоста и покрај забраната на властите, објави турското издание „Дувар“, не прецизирајќи го бројот на уапсени.

Во рамките на денешниот 21. Прајд во Истанбул, полициски екипи со бариери ги блокираа сите улици кои водат кон булеварот Истиклал и централниот плоштад Таксим, а запрени се и услугите на метрото и жичницата.

Активисти на ЛГБТ+ заедницата прочитаа соопштение во паркот Мустак, по што планираа марш до Таксим, но полицијата ги спречи, пренесува БТА.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content