Невремето кое попладнево го зафати Скопје предизвика хаос во главниот град, но и ги уплаши скопјани поради, како што велат, силниот звук предизвикан од електричните празнења.
Паднати дрвја, искршени автомобили и поплавени подвозници, се резултатот на невремето кое дојде во Скопје како „гром од ведро небо“.
Освен врз паркирани автомобили, дрво падна и врз автомобил во движење, но за среќа го поткачи само неговиот заден дел.