Одложен денешниот генерален штрајк на вработените од УЈП

51

Поради вчерашното повлекување на „помирувачот“ помеѓу синдикатот на УЈП и раководството, одложен е денешниот енерален штрајк на вработените во Упртавата за јавни приходи.

Назначениот помирувач Лазар Јовевски побарал иземање затоа што бил во странство и не можел да се врати за три дена, односно во рокот во кој требал да преговара со министерството за финансии.

За денеска од УЈП најавија дека ќе назначат нов медијатор.

Вицепремиертот Фатмир Битиќи смета дека барањата на УЈП за повисока плата не се целосно во согласност со законите и најавува дека општиот Колективен договор со новата методологија, кој ќе се презентира во четврток на Економско социјалниот совет е дел од решението.

Од Синдикатот на УЈП стојат цврство на ставот дека го бараат тоа што им следува согласно постоечкиот Колективен договор кој е на сила.

Во меѓувреме, тие и натаму, како и во изминатите денови секојдневно ќе протестираат во периодот од 10 до 12 часот секој ден.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content