Почнувајќи од август оваа година, Google Drive десктоп апликацијата веќе нема да биде поддржана и поради тоа нема да функционира на Windows 8/8.1. Поддршката за овој оперативен систем, заедно со Windows 7, Microsoft ја заврши на 10 јануари оваа година, а подоцна следеа и неколку познати апликации, како Google Chrome, на пример.
Корисниците кои уште се на овие системи се препорачува да направат надградба на понова верзија, односно на Windows 10, а се повеќе апликации ќе почнат да не функционираат, па работата може да стане и проблематична.
Покрај тргањето на поддршката за овие системи, Google најави и тргање на поддршката за 32-битната верзија од Drive за останатите верзии од Windows.