Се известуваат верницоте дека за духовденската задушница промени за починатите во нашиот храм ќе се извршуваат во петок и сабота, НАУТРО во периодот од 7:00 – 9:00 часот (односно по завршувањето на Божествената литургија) и ПОПЛАДНЕ од 17:00 – 18:00 часот (односно по завршувањето на вечерната богослужба). Промените на гробишта ќе се извршуваат во вообичаените термини, односно на НОВИТЕ ГРОБИШТА со почеток во 12:00 часот и на СТАРИТЕ ГРОБИШТА со почеток во 13:00 часот, во петок и сабота а в недела после 10:00 часот – стои во соопштението на црковниот храм Св. Петка.
-По повод Духовденската задушница се известуваат сите благочестиви христијани, кои сакаат да се помолат за своите блиски упокоени во Христа, помените ќе се прават според следниот временски распоред:
Нови градски гробишта – петок и сабота од 12 часот.
Стари градски гробишта – петок и сабота од 13 часот.
Храм Св. Кирил и Методиј (ПАРАКЛИС) и храм Света Петка – Точила
– Утрена со Заупокоена литургија, петок и сабота од 07 часот
– Вечерна богослужба, петок и сабота од 17 часот.
Блудците ќе се пејат одма после службата.
Упокој ги Боже Твоите слуги, и во рајот всели ги каде што е соборот на Твоите свети, Господи, и каде што праведниците светат како светила: починатите слуги Твои упокој ги, превидувајќи ги сите нивни согрешенија.
Бог да ги прости и да им дарува Царство Небесно – известуваат од црковниот храм Св. Кирил и Методиј (Параклис).